Top Sport

ПСЖ, Манчестер сити и Милан најмногу потрошија во 2017

Документите на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) покажуваат дека Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Милан се тимовите кои потрошија најмногу минатата година.

Според податоците, европскиот фудбал потрошил 5.6 милијарди евра летото 2017 година, од кои дури 80 отсто од парите се „свртеа“ во топ 5 лигите: Шпанија, Англија, Италија, Германија и Франција.

Пари Сен-Жермен, секако поради трансферот на Нејмар од 220 милиони евра е рекордер со потрошени 418 милиони евра, пред лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити со 249 милиони евра и неочекувано, Милан на третото место со 235 милиони евра.

Тим кој најмногу профитираше минатото лето е Монако, откако француските шампиони се во плус 256 милиони евра и покрај тоа што потрошија 102 милиони евра. Премиер лигата потроши неверојатни 1.7 милијарди евра на трансфери, додека Серија А „само“ 867 милиони евра.

УЕФА исто така по анализата на трансферите од 2014 до 2017 година, забележува пораст на провизијата на агентите за 12.6 отсто. Агентите заработиле повеќе на мали трансфери – 80 отсто од сите трансфери под 1 милион евра носат провизија од 20 отсто.

Scroll to Top