Top Sport

ПСЖ и официјално нема да испадне, Мбапе ќе стане нивни играч

Пари Сен-Жермен ќе можат да го комплетираат трансферот на Килијан Мбапе, откако го исполнија условот во неговата клаузула за позајмица од Монако – обезбедија опстанок во Лига 1.

Парижаните прво го купија Нејмар за 222 милиони евра од Барселона (со откуп на клаузулата), по што се договорија со францускиот шампион Монако, Мбапе да дојде на позајмица на „Паркот на принцовите“.

Победата во текот на викендот од 5:2 над Стразбур во текот на викендот бил доволен според француската федерација да се комплетира трансферот на 19-годишната нова ѕвезда на францускиот фудбал. За која на лето, ПСЖ ќе платат 180 милиони фунти. Иронично, Мбапе беше повреден и не играше против Стразбур.

ПСЖ во моментов имаат 12 поени предност во Лига 1, а Мбапе имаше 15 гола и 14 асистенции во 32 настапи за клубот. Успешно склучен договор, кој не беше во сомнеж поради финансиската моќ на сопствениците, кралското семејство на Катар.

Scroll to Top