Top Sport

Рајан Мејсон ја заврши кариерата

Играчот на Хал Сити Рајан Мејсон на 26-годишна возраст мора да ја заврши фудбалската кариера поради фрактура на черепот со која се здоби пред една година на натпреварот против Челси, објави Би би си.

На натпреварот одигран во јануари минатата година Мејсон и дефанзивецот на Челси Гери Кејхил имаа страотен судар со главите, поради што играчот на Хал Сити заврши на операција.

„По советот на лекар специјалист решив да се повлечам од професионалниот фудбал“, објави играчот кој кариерата ја започна во 2008 година во Тотенхем.

„Неуморно работев за да му се вратам на фудбалот. За жал по советите на експертите немам друга алтернатива, морам да се повлечам. Засекогаш ќе им бидам благодарен на луѓето кои ми овозможија да закрепнам од повредата која беше опасна по мојот живот“, дополнил Мејсон.

Рајан Мејсон во кариерата има одиграно еден натпревар и за најсилната акнглиска селекција.

Scroll to Top