Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ги отфрли обвинувањата дека прославата на голот во Кралскиот куп против Селта бил „имитација“ на воениот злосторник Слободан Праљак, кој испи отров откако Хашкиот трибунал одлучи дека е виновен и починаво болницата.

Сепак, Ракитиќ на Твитер потоа разјасни дека „само пиел кафе“.

„Поминавме во следното коло, дадов гол, и затоа можев да прославам на посебен начин“, напиша Ракитиќ со симбол на кафе и топка.