Top Sport

Реал ја мина границата од 6.000 гола во Ла Лига

Реал синоќа го победи Бетис 5:3 и воедно стана првиот тим кој постигнал најмалку 6.000 гола во шанското првенство.

На „Бенито Виљамарин“ во Севилја Марко Асенсио го постигна првиот гол на мечот, потоа до крајот на полувремето Бетис направи пресврт, во вториот дел Серхио рамос израмни на 2:2, а во 59.минута Асенсио со својот втор гол на мечот му ја врати предноста на Реал.

Овој гол на 20-годишниот фудбалер беше 6.000 гол на Реал во шпанското првенство. „Кралскиот клуб“ е првата екипа која ја минала ова граница во Ла Лига.

До крајот на мечот Реал постина уште два гола преку Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

Scroll to Top