Top Sport

Реал во 2013 давале 250 милиони за Меси!

Според  германскиот „Дер шпигел“ и шпанскиот „Ел мундо“, Реал Мадрид во 2013 година биле подготвени да дадат неверојатни 250 милиони евра и да го донесат Лионел Меси на „Сантијаго Бернабеу“, пред да се откажат од идејата и да го донесат Герет Бејл од Тотенхем за 100 милиони евра.

Ињиго Хуарез, тогаш адвокат на семејството на Меси и неговиот татко Хорхе, објаснува дека „Лос бланкос“ биле подготвени да ја платат откупната клаузула од неверојатни 250 милиони евра за да го донесат аргентинскиот гениј во тимот, а покрај тоа биле подготвени да му дадат и неверојатни 23 милиони евра по година.

Веќе бил договорен состанок на Меси и неговиот тим со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и тогашниот спортски директор, Мигуел Пардеса. Состанокот требало да се одржи во приватен авион, но весниците не објаснуваат дали до него воопшто стигнало.

Во тој период, Меси беше под истрага на шпанските даночници, а „Дер шпигел“ тврди дека Реал Мадрид ветиле дека ќе „направат притисок“ на шпанскиот премиер Маријано Рахој околу истрагата.

На крајот, очигледно, ништо не се остварило, но сепак е интересно да се помисли каков тим би бил Реал Мадрид (а во исто време и Барселона) со Меси во него.

Scroll to Top