Top Sport

Речиси 70 отсто на фановите на Реал сакаат Роналдо да замине

Над две третини од навивачите на Реал Мадрид би сакале Кристијано Роналдо да замине од тимот, вели онлајн анкетата на шпанскиот весник „АС“.

Дури 67.5 отсто од 125.000 навивачи веднаш би се простиле од Португалецот од „Сантијаго Бернабеу“, резултат кој не изненадува поради постојаните шпекулации дека Роналдо бара враќање назад во Манчестер јунајтед.

32-годишниот Роналдо минатата година ги предводеше Реал до двојна титула од Ла лига и од Лигата на шампиони во една исклучителна сезона за тимот, по што ја доби и „Златната топка“ за своите перформанси, но оваа година работите не одат така лесно за него и за тимот на Зинедин Зидан.

Роналдо има договор до 2021 година со „Лос бланкос“, тим кој во моментов е на четвртото место во Ла лига со дури 19 поени заостанување зад Барселона.

Scroll to Top