Top Sport

Руни помогна да се уапси измамник

Напаѓачот на Евертон, Вејн Руни помогна да се уапси измамник кој заработил над 1 милион фунти продавајќи лажни спортски предмети.

Тој потпиша дрес на Манчестер јунајтед за истражувачите од „Трејдинг стандардс“ кои го испитуваа Дејвид Рени, кој претходно продал повеќе од 4 и пол илјади дресови со автограми на ѕвезди како Руни, Лионел Меси и Кристијано Роналдо последните девет години.

Меѓутоа, повеќето од продадените дресови биле купени од обични продавници и самиот Рени ги потпишувал. Откако откупиле дрес од 150 фунти кој наводно бил потпишан од Руни следувала истрагата која на крајот донела до апсење на Рени.

Scroll to Top