Top Sport

Руни: Сити е најдобриот во историјата? Што е тогаш Јунајтед од 2008?

Манчестер Сити доминира во Премиер лигата, ја имаат најдолгата победничка низа во историјата на лигата. Поради таа серија од 16 победи многумина велта дека екипата на Пеп Гвардиола е најдобрата во историјата на фудбалот во Велика Британија.

Напаѓачот на Евертон, Вејн Руни, не се согласува со оценката дека Сити е најдобриот тим во историјата, бидејќи како што вели „допрва треба да покаже дека е голем тим“.

„Мислам дека Манчестер Сити не може да се нарече „најдобар во историјата на премиер лигата“. Треба уште многу работи да направат. Во Премиер лигата имало сјајни екипи. „Граѓаните“ во наредниот период треба да освојуваат трофеи“, рекол Руни.

Легендата на англискиот фудбал на новинарско прашање го одбрал најдобриот тим во истпријата на лигата.

„Би кажал дека тоа е Манчестер јунајтед од 2008 година“.

Вејн Руни беше дел од тој тим на Манчестер јунајтед, кој вод водство на Алекс Фергусон ги освои титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Scroll to Top