Top Sport

Савидис: Јас сум заложник на болниот фудбалски систем во Грција

Претседателот на ПАОК, Иван Савидс, за кого во неделата дознаа сите оние што го следат фудбалот, откако со пиштол влета на теренот за време на дербито ПАОК-АЕК, со соопштение се огласи во јавноста.

„Немав право да влетам на теренот. реагирав поради целокупната негативна ситуација во грчкиот фудбал и поради се она што се случи во финишот на натпреварот. Јас, моето семејство и моите колеги сме заложници на болниот фудбалски систем во Грција“, навел Савидис и дополнил:

„Не сакав да му нанесам зло на никој од АЕК, ниту пак на судиите. Поради се она што се случи по постигнувањето на голот, имав намера да заштитам илјадници навивачи од инциденти. Ќе продолжам да се борам за чесен фудбал, натпреварите да се губат или добиваат на теренот, а не по судовите“.

Савидис, во моментот кога во последните минути од натпреварот го поништи голот на ПАОК, влезе на теренот, им се закануваше на судиите, а на појасот имаше и пиштол.

Ден по инцидентите Владата на Грција реши на неодреден период да го суспендира фудбалскиот шампионат, а ФИФА и УЕФА го осудија инцидентот во Солун.

Обвинителството вчера побара Савидис и уште четири други лица да бидат уапсени.

Грчката влада го прекина фудбалското првенство

Обвинителот побарал апсење на Иван Савидис

Претседателот на ПАОК шета со пиштол по теренот (Видео)

Scroll to Top