Top Sport

Семејството Меси го пречека бебето Чиро

Лионел Меси преку Инстаграм потврди дека го доби третиот син Чиро Меси, откако претходно Барселона објави дека поради „лични причини“, ѕвездата на Барселона ќе го пропушти вечерниот дуел против Малага.

Меси уште во октомври минатата година потврди дека неговата сопруга Антонела повторно е бремена со нивното трето дете, пред во февруари да открие дека ќе добие трет син, и дека неговото име ќе биде Чиро.

„Добредојде Чиро! Бладариме на Господа што сè помина совршено. Мама и Чиро се многу добро и сите сме многу среќни“, напиша Меси на Инстаграм.

Меси веќе има два сина – Тијаго и Матео.

Меси не игра поради „лични причини“, чека поднова?

Scroll to Top