Top Sport

Шкендија и Вардар со реми во Тетово, Илијоски со супер-деби за Шкупи

Шкендија и Вардар го отворија пролетниот дел во Првата лига, одигрувајќи нерешено 1:1 во Тетово, со што лидерите останаа на осум поени предност пред актуелниот шампион.

Мечот започна со 20 минути задоцнување додека се чистеше снегот од теренот во Тетово, а возбудувањата беа резервирани за финишот на тесниот меч.

Бобан Грнчаров им донесе водство на Вардар во 78. минута, за само седум минути подоцна Бесарт Ибраими да израмни. Овој резултат дефинитивно повеќе им одговара на Тетовци бидејќи тие остануваат на +8 од единствените ривали за титулата.

Шкупи, откако се засили во текот на зимскиот преоден рок, ја покажа својата сила со импресивна 5:2 победа над Академија Пандев, предводеа од најдобриот стрелец во историјата на македонската Прва лига, ветеранот Баже Илијоски.

Илијоски, кој дојде во Чаир од Пелистер, ги „начна“ гостите во 7. минута, во 17. минута го постигна вториот гол, а веќе во 23-тата имаше комплетирано хет-трик.

Победа и Пелистер одиграа 1:1 во Турново, каде што Победа беше домаќин, додека Работнички во Скопје одигра 0:0 со Ренова.

Мечот меѓу Силекс и Скопје е одложен за 21 февруари поради немање на услови на игра во Кратово.

ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО

Победа – Пелистер 1:1

Работнички – Ренова 0:0

Шкупи – Академија Пандев 5:2

Шкендија – Вардар 0:1

Силекс – Скопје одложено

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 47, 2.Вардар 39, 4.Шкупи 26, 5.Академија Пандев 25, 6.Работнички 24, 7.Победа 20, 8.Ренова 19, 9.Пелистер 17, 10.Скопје 10.

Фото: ФК Шкендија, ФК Вардар, ФК Шкупи

Scroll to Top