Top Sport

Скапата колекција автомобили на Обамејанг (галерија)

Ѕвездата на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг ја покажа својата колекција на супер-автомобили вредна речиси милион евра, која блокира дел од паркингот на луксузниот хотел кој му е дом во Лондон.

Габонскиот интернационалец си ги понесе четирите автомобили по трансферот од Борусија Дортмунд – Ламборгини авентадор, Порше Панамера Текарт, Ферари 812 и Ренџ Ровер.

Покрај ова тој поседува – Ауди Р8, Астон Мартин ДБ9 Воланте, Ферари 488 Спајдер, Порше Панамера Менсори, Фолскваген буба кабриолет и Порше Кајен.

Од трансферот во Арсенал за 56 милиони фунти, 28-годишниот напаѓач постигна три голови.

Scroll to Top