Top Sport

Сосиедад за Ињиго: Тој сега е минато!

Реал Сосиедад сака да помогне неговите навивачи да го заборават Ињиго Мартинез по неговиот трансфер кај лутите ривали Атлетик Билбао, давајќи им шанса да го разменат дресот со неговото име бесплатно.

26-годишниот Мартинез, кој претходно изјавуваше „вечна верност“ на клубот од Сан Себастијан изјавуваше дека „никогаш нема да отиде на другата страна“, но во вторникот го комплетираше рекордниот трансфер вреден 32 милиони евра. Сосиедад сака и фановите да го заборават Мартинез.

„Од утре попладне  Реал Сосиедад ќе даде можност на фановите кои не сакаат да го носат името на Ињиго Мартинез на својот дрес да го сменат за овосезонскиот дрес со било кое име, целосно бесплатно. Сега тој е историја“, објавија на веб-сајтот на Сосиедад.

Билбао го купи Ињиго и предизвија баскиска „војна“

Scroll to Top