Top Sport

Спартак Москва повторно обвинети за расизам

Рускиот премиерлигаш Спартак Москва предизвика контроверзи откако постави, според многумина, расистички пост на Твитер по тренинзите на топло време.

Во видео поставено на Твитер со нивните играчи Педро Роча, Фернандо и Луиз Адриано на тренинг во Дубаи, тие напишаа: „Видете како чокладата се топи на сонцето“.

Ова не е првпат Спартак да е обвинет за расизам, откако Леонид Миронов, капитенот на нивниот младински тим беше обвинет за расизам од УЕФА за коментарите кон играчот на Ливерпул, Рајан Брустер. 19-годишниот Миронов го очекува казна од 10 меча ако биде осуден.

Scroll to Top