Top Sport

Спектакуларно дерби во Франција, Лион го победи ПСЖ (Видео)

Олимпик Лион го победи лидерот во Франција, ПСЖ со 2:1, во дерби мечот одигран во 22.коло.

Лион и ПСЖ одиграа спектакуларен меч, кој го реши Мемфис Депај во последната минута. Лион во 22.коло му го нанесе вториот пораз на лидерот оваа сезона.

Капитенот на Лион Набил Фекир, во втората минута постигна спектакуларен гол. Фекир ја искорости лошата поставеност на голманот на ПСЖ Ареола и погоди од слободен удар.

Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе во 36.минута поради полесна повреда беше повлечен од теренот. Потоа во финишот на првиот дел Курзава го постигна голот на сезоната. Дани Алвеш испрати центаршут од десната страна, а левиот бек со спектакуларен волеј го совлада Лопез.

Во вториот дел клучниот момент се случи во 57.минута кога Дани Алвеш поради груб старт доби директен црвен картон.

ПСЖ потоа се повлече и се чинеше дека ќе успее да го сочува резултатот 1:1.

Сепак, во 94.минута Депај упати силен удар од 25 метри и ја смести топката зад грбот на Ареола.

ПСЖ е лидер со 56 бода, осум повеќе од Лион и девет од Марсеј, на четвртото место е Монако со 46 бода.

Scroll to Top