Top Sport

Статуата на Есиен ги надмина оние на Роналдо и Марадона

Ново „уметничко“ дело посветено на легендарен фудбалер ја виде светлоста на денот. Во Кумаси, Гана, скулптура доби легендарниот играч од оваа земја Мајкл Есиен, кој најдобриот дел од кариерата го одигра во дресот на Челси.

Есиен има 35 години и на залезот на кариерата игра во Индонезија во клубот Персиб Бандунг. Кариерата ја започна во Басртија, а преку Олимпик Лион пристигна во Челси. За „сините“ од Лондон одигра 168 натпревар и постигна 17 гола во периодот од 2005 до 2014 година. Со Челси освои девет трофеи, од кои најзанаен е оној во Лигата на шампионите во 2012 година.

Челси го замени со Реал, а играше и за Милан и Панатинаикос.

Есиен е еден од најдобрите фудбалери на Гана во изминатите две децении поради тоа Кумаси реши да направи скулптура на Есиен во дресот на Челси. Уметникот баш и не го погодил ликот на Есиен.

Претходно на светската јавност за потсмев ѝ служеа бистата на Кристијано Роналдо во родната Мадеира, односно статуата на Диего Армандо Марадона во Колката, Индија.

Статуата на Марадона повеќе личи на поранешниот англиски селектор Рој Хоџсон отколку на славниот Аргентинец.

Scroll to Top