Top Sport

Сунес без милост: Погба е како учениче кое трча по топката!

Пол Погба е далеку од епитетот голем играч бидејќи не ја сфаќа својата улога во средината на Манчестер јунајтед, вели легендата на Ливерпул, Греем Сунес, кој никогаш не ја криел својата антипатија кон Французинот.

Јунајтед го врати Погба за тогашна рекордна сума од 100 милиони евра во 2016 година и оваа сезона има три гола и 9 асистенции во 16 меча од Премиер лигата, но имаше посебно лош натпревар при поразот од 2:0 од Тотенхем неодамна, кога влезе во расправија со Жозе Мурињо.

Шкотланѓанецот Сунес, кој беше капитен на најславната генерација на Ливерпул, вели дека 24-годишниот Французин постојано потфрла и дека Јунајтед треба да го земат Кристијан Ериксен од Тотенхем за да ги решат проблемите во средниот ред.

„Пол Погба е способен за големи работи, но е многу далеку од голем играч. Тоа е така бидејќи не може да ја сфати одговорноста која ја има на центарот на теренот. Сега има 24 години и беше платен 100 милиони евра и уште не сфаќа како да ја игра својата позиција. Мурињо не е задоволен, тоа е очигледно. На него не може да е смета. Против малите тимови тоа е прифатливо, но против подобрите апсолутно не. Тој не е плејмејкер. Игра како учениче кое трча по топката на игралиште. На Јунајтед им е потребен подобар играч, кој ќе ги направи поопасни. Како Кристијан Ериксен во Тотенхем“, вели Сунес во својата колумна за „Сандеј тајмс“.

Погба беше заменет бидејќи не го слушаше Мурињо? (видео)

Scroll to Top