Top Sport

Тим Кејхил се врати „дома“ во второлигашот Милвол

Австралискиот ветеран Тим Кејхил најави емотивно враќање во Милвол, англискиот второлигаш за кој постигна 57 гола во 251 настапи од 1998 до 2004 година.

38-годишниот Кејхил играше во Евертон по заминувањето од „Њу ден“, пред да замине во Њујорк ред булс во 2012, да има кратка „авантура“ во Кина, пред во 2016 да се врати во Австралија во тимот на Мелбурн сити во 2016.

„Тешко е да се опише со зборови какво е чувството повторно да си во овој дрес. Прво сакав да влезам во тунелот и да излезам на стадионот за да видам дали ќе ми се врати чувството. Веднаш станав нервозен како кога имав 16 години“, изјави Кејхил.

Scroll to Top