Top Sport

И тоа се случи – саудиските дами на фудбалски меч (галерија)

Саудиските жени првпат во историјата добија шанса да присуствуваат на фудбалски меч во Саудиска Арабија, како дел од реформите предводени од  принцот Мохамед бин Салман.

Навивачките со шалови и знамиња беа на стадионот „Кинг Абдулах спортс сити“ во Џеда, за дуелот меѓу Ал-Ахли и Ал-Батин, иако влегоа преку посебен влез за жени и семејства.

„Ова покажува дека одиме кон просперитетна иднина. Горда сум што сум дел од оваа голема промена“, изјави 32-годишната Ламја Халед Насер од Џеда.

Саудиската влада минатата недела дозволи жените да бидат присутни и на вториот меч во сабота и трт следниот четврток. Другите фудбалски стадиони во Саудиска Арабија треба да биде подготвени за жени следната сезона.

Ал-Итихад, еден од најпопуларните фудбалски клубови во Саудиска Арабија треба да игра пред жени во сабота, и клубот преку Твитер се подготви за шоуто.

„Фановите на Итихад, мажи и жени, се главната поддршка на нашиот клуб и успехот не е целосен без нив на трибините. Со вас, сцената е комплетна“, напишаа од клубот.

Покрај пристапот до фудбалските натпревари, на жените првпат ќе им биде дозволено да возат автомобили од јуни 2018 година.

Scroll to Top