Top Sport

Тренерите се спречкаа, Виган го исфрли Сити (видео)

Виган и Манчестер сити се сретнаа првпат од финалето на ФА купот во 2013 година, кога Виган го освои трофејот на „Вембли“, а иако испаднаа двапати од лигата оттогаш, тие повторно успеаја да му ја „скројат“ судбината на Сити, победувајќи ги со 1:0  на „ДВ стадионот“ во осминафиналето на ФА купот.

Клучен момент беше исклучувањето на Делф во 45. минута, по што Виган во второто полувреме стигнаа до водство преку Вил Григ во 79. минута, за потоа да го издржат притисокот за најголемото изненадување во ФА купот со кое обезбедија Сити да не може да дојде до англиска двојна титула.

За одбележување е и невообичаениот дуел на менаџерот на Виган, Пол Кук и на Пеп Гвардиола во ходниците по првото полувреме, откако Фабијан Делф го собори Макс Пауер за да биде исклучен.

Судијата Ентони Тејлор прво го извади жолтиот картон, но бргу се предомисли по зборувањето со линиските судии и му даде директен црвен на Делф. Двајцата менаџеро потоа во ходниците остро расправаа за одлуката, за среќа без поголем инцидент.

Scroll to Top