Top Sport

Тудор ги загуби нервите со Турците, Галата ги загуби нервите со него и го отпушти (видео)

Галатасарај го отпушти својот хрватски тренер, Игор Тудор, откако по четвртиот пораз во новата сезона, славниот клуб веќе не е лидер во Суперлигата.

Тудор, кој дојде во Галата од Карабукспор минатата сезона, беше критикуван откако успеа предноста од осум поени на врвот на табелата да ја загуби по 2:1 поразот од Јени Малатјаспор во неделата. Тудор ги критикуваше медиумите пред да си замине од прес-конференцијата во неделата.

„Сакате да кажам кога ќе победам дека тоа е поради добрите играчи, а кога ќе загубам дека е поради тренерот. Тоа што го разбрав тука во Турција, посебно во Галатасарај е многу чудно за мене. Само две работи се популарни тука – Тудор истифа (замини) или за поразите да е виновен системот. Многу едноставно објаснување на турскиот фудбал“, изјави Тудор.

Галатасарај ќе одржи вонреден конгрес на 13 јануари да избере нов борд и претседател на клубот.

На стартот на сезоната, Галата имаше низа од девет меча без пораз, пред во октомври да загуби со 2:1 од Трабзон. Оттогаш, тие имаат три порази во шест меча, вклучувајќи 5:1 пораз до Башакшехир и 3:0 од Бешикташ. Башакшехир се новите лидери во Турција со 33 поени, еден повеќе од Галатасарај.

Галата е најуспешниот турски клуб, со 20 титули. Тие станаа првиот турски клуб со европска титула, откако во 2000 го освоија УЕФА купот, претходникот на Лигата на Европа.

Scroll to Top