Top Sport

У-19 репрезентацијата го торпедира Лихтенштајн

Репрезентацијата на Македонија, играчи до 19 години, кои од клупата ги предводи Вујадин Станојковиќ, на убедлив начин ги завршија натпреварите во квалификациската група, преку која изборија пласман во елитните квалификации за пласман на Европското првенство.

Играчите на Станојковиќ, по двете победи од 2:1 над фаворизираните Швајцарија и Белгија, во последното коло го декласираа Лихтенштајн со 6:0.

Победата на натпреварот кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ, Македонија ја обезбеди на почетокот на натпреварот, кога во третата и седмата минута мрежата на Лихтенштајн ја погодија Чурлинов и Колески.

Потоа два гола постигна Митровски во 25. и 54.минута, на 5:0 зголеми Миовски во 62.минута, а конечниот резултат со својот трет гол го постави Митровски во 73.минута.

Од оваа квалификациска група како второпласирана во елитните квалификации ќе игра Белгија која во исклучително ефикасен натпревар ја победи Швајцарија со 5:3.

Македонија го освои првото место со максимални 9 бода, Белгија е втора со 6, Швајцарија трета со 3, а Лихтенштајн заврши последен без освоен бод.

Scroll to Top