Top Sport

УЕФА наскоро ќе го престави новиот формат на Лигата на шампионите

Долго се највува, но јасно е дека од сезоната 2018/2019 најпрестижното клупско фудбалско натпреварување, Лигата на шампиони, ќе се игра во нов формат. Единствено што останува е исто е бројот на екипи кои ќе играат во главната фаза, 32.

Денес се појавија информации како точно ќе изгледа новиот формат, кој ќе се применува од наредната сезона.

Првата промена е таа што четири тима од Шпанија, Англија, Германија и Италија ќе одат директно во фазата по групи, значи четвртопласираните повеќе нема да играат плејоф.

Португалија повеќе нема да има два тима кои директно ќе одат во фазата по групи туку само еден, како и Украина, Белгија, Турција, Грција, а со два тима кои нема да мора да играат плејоф останаа само Русите и Французите.

Директно во фазата по групи ќе оди европскиот првак,а доколку тоа веќе го обезбеди преку националниот шампионат, тогаш тоа место ќе му припадне на третопласираниот тим во Франција.

Остантите шест тима кои ќе играат во главната фаза ќе треба да го минат пеколниот квалификациски циклус.

Според новиот формат ќе се игра три сезони до 2021.

Scroll to Top