Top Sport

Ужасно! Навивач го провоцираше Ливермор за смртта на неговиот син (видео)

Од тимот на Вест Бромвич Албион велат дека Џејк Ливермор се расправал со навивачот на Вест Хем во текот на мечот во вторникот откако тој коментирал за смртта на неговиот син.

Ливермор и неговата партнерка го загубија нивниот новороден син Џејк Јуниор во мај 2014 година. ВБА му понуди целосна поддршка на 28-годишниот Англичанец и прати забелешка до Фудбалската асоцијација (ФА), а во исто време од Вест Хем објавија дека го испитуваат инцидентот и дека го идентификувале навивачот.

„Клубот би сакал да мисли дека сите разумни фудбалски навивачи можат да сфатат дека реакцијата беше оправдана. Џејк е фантастичен човек кој ја има поддршката на сите во клубот, кој јасно го отфрла ваквото однесување“, се вели во соопштението на ВБА.

Ливермор беше позитивен на кокаин додека беше играч на Хал во мај 2015, една година по смртта на неговиот син, и тогаш ФА реши да не го казни поради „уникатната природа на инцидентот“.

„Тоа беше мало човечко суштество кое се загуби и не знаев како да реагирам“, призна во август 2016, Ливермор.

Scroll to Top