Top Sport

Ван Дајк ја згреши соблекувалната, но Ливерпул не згреши во Саутемптон (видео)

Виргил ван Дајк го имаше првото гостување во Саутемптон како играч на Ливерпул и на забава на домашната публика влезе по грешка во домашната соблекувална, но на крајот на неделното коло во Премиер лигата, „Црвените“ беа тие кои се смееја.

Напаѓачкото дуо на Ливерпул, Мо Салах и Роберто Фирмино беше расположено и во првото полувреме го реши гостувањето на „Сент Мерис“ – прво Салах му асистираше на Фирмино во шестата минута, по што Бразилецот ја врати услугата на Египѓанецот во 42. минута за Ливерпул да се искачи на третото место во Премиер лигата со 52 поени, само два помалку од второпласираните Манчестер јунајтед, кои загубија во Њукасл.

Ливерпул постојано „шопингува“ во Саутемптон, бидејќи од тој клуб ги има донесено Дејан Ловрен, Адам Лалана, Садио Мане, како и последното засилување на одбраната Ван Дајк за фантастични 75 милиони фунти. Ван Дајк направи мала грешка при пристигнувањето на својот стар стадион влегувајќи во соблекувалната на Саутемптон, по што ја поправи грешката.

Scroll to Top