Top Sport

Ван Перси се враќа дома (видео)

Робин ван Перси се враќа во својот „матичен“ клуб Феенорд откако се договори за прекин на договорот со Фенербахче.

34-годишниот поранешен играч на Арсенал и Манчестер јунајтед е роден во Ротердам и е дел од академијата на Феенорд, дебитирајќи како 16-годишник во 1999 година. По само три години во родниот град, тој заминува во Арсенал во 2004 година и во осум сезони постигна 130 гола, пред да се пресели во Манчестер јунајтедво 2012 година, во трансфер за кој Арсен Венгер денеска изјави дека „болел многу“.

Со „Ѓаволите“, Ван Перси ја освои титулата од Премиер лигата, но замина за Турција во 2015 година, каде што имаше одлични настапи.

Феенорд се актуелни шампиони во Ередивисие и се надеваат дека Ван Перси ќе има исто влијание на клубот како Дирк Кујт, кој лани се врати од Фенербахче за уште една сезона со Феенорд. Тимот на Џовани ван Бронкхорст е на петтото место во првата лига, со 14 поени помалку од лидерот ПСВ.

Scroll to Top