Top Sport

Венгер открива: Пеп сакаше да игра за Арсенал!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер открива дека неговиот ривал, тренерот на лидерите во Англија, Манчестер сити сакал да игра за Арсенал додека бил фудбалер.

Двајцата менаџери ќе се судрат на „Вембли“ во недела во финалето на Карабао купот, попознат како Лига куп.

Гвардиола помина повеќе од 10 години во својот матичен клуб Барселона, пред кратко да игра во Италија и во Катар пред да се повлече од фудбалот во 2006, но ситуацијата би била сосема поинаква ако Шпанецот направел трансфер во северен Лондон.

„Зборував со него неколку пати, а еднаш додека беше фудбалер ме посети во мојот дом, бидејќи навистина сакаше да игра за Арсенал“, открива Венгер.

Французинот исто така имаше зборови за пофалба за успехот на Гвардиола во втората сезона на чело на Сити, со кои е многу блиску до титулата во Премиер лигата, иако испаднаа во ФА купот од Виган.

„Мислам дека заврши многу подобра работа од мене и знае што е потребно. Има исклучителен клуб и го менаџира многу добро. Ја заслужува почитта која ја добива бидејќи има јасна визија на играта, позитивен став и филозофија. И да победува, имам почит за него, бидејќи влијае на фудбалот. Важно е да имаш позитивен став во фудбалот“, објаснува Французинот.

Scroll to Top