Top Sport

Венгер: За разлика од Сити, Јунајтед ги заработуваат парите што ги даваат

Арсен Венгер „потскриено“ го искритикува тимот на Манчестер сити пред комплетирањето на трансферот на Алексис Санчез во Манчестер јунајтед.

Се веруваше дека Сити се на „пол-позицијата“ да го добијат потписот на Чилеанецот, меѓутоа сега се очекува трансферот во Јунајтед да биде комплетиран за ден-два – Санчез ќе заработува 450.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, а Јунајтед ќе платат околу 25 милиони фунти.

Сепак, Венгер не се лути што Манчестер јунајтед можат да си дозволат толку пари, бидејќи ги заработиле, за разлика од Манчестер сити, чиј тим е „на грбот“ на заменикот премиер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Шеик Мансур.

„Не би сакал да зборувам за бројките бидејќи тоа е проблем на Манчестер јунајтед. Но, го почитувам тоа што Јунајтед ги заработуваат тие пари кои ги плаќаат на играчите со сопствени ресурси. Тоа мора да се почитува. Потоа, тие си знаат колку ги плаќаат. Јунајтед се клуб кој е добро менаџиран финансиски и затоа не гледам проблем со парите“, вели Венгер.

Scroll to Top