Top Sport

Верати: На Меси судиите му простуваат сè (видео)

Играчот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Верати вели дека Лионел Меси добива привилегии од страна на судиите, откако Италијанецот доби црвен картон на дуелот со Реал Мадрид.

Верати се расправаше со судијата кога го доби вториот жолт картон во мечот од Лигата на шампионите, но верува дека Меси на пример реагирал исто, но судијата не му доделил ниту жолт, ниту црвен картон.

„Да, јас згрешив против Реал, тоа беше црвен картон од фрустрации и понекогаш судиите повеќе толерираат. Мојата реакција беше лоша, но не навредив никого, додека Меси се шета и покажува со прст во лицето на судиите и не добива ниту жолт картон“, вели Верати во интервју за „Газета дело спорт“.

ПСЖ на крајот загуби со вкупни 5:2 во осминафиналето на ЛШ, но Верати вели дека ситуацијата би била поинаква доколку Нејмар бил во тимот за вториот меч.

„ПСЖ не се толку далеку од нивото на Реал Мадрид. Бевме сигурни дека можеме да ги поминеме, но тогаш се случи повредата на Нејмар. Ние без Нејмар сме како Барселона без Меси. Тој е толку скап бидејќи е феноменален играч“, додава Верати.

Scroll to Top