Top Sport

Вилијан со најдобар гол во јануари, Хоув најдобар менаџер!

Ѕвездата на Челси, Вилијан ја доби наградата за најдобар гол во јануари во Премиер лигата, додека менаџерот на Бурнемаут, Еди Хоув ја прекина низата на Пеп Гвардиола освојувајќи ја наградата за најдобар менаџер.

Вилијан постигна сензационален гол во победата над Брајтон, при 4:0 победата, додека Хоув ги предводеше „црешите“ до месец без пораз, во кој Бурнемаут се „извлече“ од зоната за испаѓање.

„Месецот беше навистина добар и благодарам на сите кои помогнаа. Најдобриот меч беше победата над Челси, но ги победивме и Арсенал, да не заборавиме“, изјави Хоув.

Scroll to Top