Top Sport

Зимската криза заврши, Рома со нова победа (видео)

Рома стигна до својата трета победа во низа, откако на гостувањето во Удине го совлада Удинезе со 0:2.

Отпорот на домаќините беше „срушен“ во 70. минута, кога Џенгиз Ундер постигна одличен гол од дваесетина метри по асистенција на Де Роси, а победата ја осигура Диего Пероти во 91. минута.

Со победата, Рома се искачи на третото место на табелата со 50 поени, 13 помалку од лидерот Наполи, но два поени пред Интер, кои  вечерва му гостуваат на Горан Пандев и на Џенова. Удинезе се на средината на табелата, на 10. место со 33 поени.


Scroll to Top