Top Sport

Зошто Јунајтед не ги сака кучињата на Санчез?

Банерот со кучињата на Алексис Санчез беше отстранет од саботниот меч на „Олд Трафорд“ при 2:0 победата над Хадерсфилд без објаснување од клубот.

„Добредојдовте во Манчестер, Алексис, Атом и Хумбер“, пишуваше на банерот во првиот домашен меч на Санчез по трансферот од Арсенал, но тој остана само пет минути откако беше отстранет по наредба на стјуардите на мечот.

Кучињата на Санчез станаа сензација по социјалните мрежи последните години, и останува нејасно зошто Јунајтед не покаже малку разбирање за навивачите кои го подготвија банерот.

Санчез со деби гол за Јунајтед (видео)

Scroll to Top