Top Sport

Антиќ брилијантен, Црвена звезда загуби во Каунас

Жалгирис ја совлада Црвена звезда 78:76 (15:13, 28:27, 10:17, 25:19) во првото коло, во кошаркарската Евролига. „Црвено-белите“ го имаа последниот шут за победа, но Тејлор Рочести не успеа да погоди за три поени. Во редовите на Црвена звезда блескаа ветераните Перо Антиќ и Милко Бјелица.

Црвена звезда одигра хрбаро и борбено против литванскиот првак, но во финишот на мечот на белградскиот тим му недостигаше среќа и искуство. Исто така ниту странците (Тејлор Рочести, Матијас Лесор и Џејмс Фелдин) не го дадоа стандардниот придонес.

Речиси целиот натпревар во Каунас мина во една резултатска нишалка, а решевачките моменти се случија во средишницата на последната четвртина кога Жалгирис со серија 16:3 негативата од шест поени ја претвори во предност од седум кошеви.

Антиќ со пет врзани поени ја врати Црвена звезда во мечот, која го имаше и последниот напад, но Рочести не успеа да погоди за три поени.

Двајцата најискусни ја предводеа Црвена звезда на овој меч, 35-годишниот Антиќ имаше учинок од 17 поени (2/5 за два, 3/5 за три, 4/6 слободни), 3 скока и 3 украдени топки, а две години помлaдиот Бјелица постигна 18 поени.

Жалгирис до победата го предводеа Паулиус Јанкунас со 15 и Кевин Пангос со 14 поени, од кои осум постигна во серијата со која „зелените“ го трасираа патот кон победата. н.ц.

Scroll to Top