Top Sport

Антиќ ги пропушта Армани и Задар

Најискусниот кошаркар на Црвена звезда, Перо Антиќ (35), по повредата на тимот ќе му се приклучи наредната недела кога во Ниш ќе се одигра завршниот турнир во Купот на Србија.

Перо Антиќ поради болки во стапалото посследниот меч за Црвена звезда го одигра на 16.јануари, потоа ги пропушти дерби мечевите во АБА лигата против Будуќност и Цедевита и натпреварите против Анадолу Ефес, Олимпијакос и Басконија.

Стручниот штаб најавуваше дека ќе биде подготвен за дербито против Партизан, што се одигра пред десет дена, но крилниот центар го пропушти и тој на натпревар, а не играше ниту во понеделникот против ФМП Железник.

Македонецот нема да биде во екипата ниту утревечер кога Црвена звезда во Евролигата ќе го пречека тимот на Армани Милано. и в понеделник во АБА лигата против Задар.

„Антиќ дури в петок ќе започне да тренира, но индивидуално, без контакт. Веруваме дека ќе можеме да сметаме на него во Ниш“, рекол тренерот Душан Алимпијевиќ.

На завршниот турнир во Купот Црвена звезда на 15.февруари во четвртфиналето ќе игра против Борац, два дена е полуфиналето, а на 18.февруари ќе се игра финалниот меч.

Scroll to Top