Top Sport

Антиќ не се враќа во репрезентацијата

Кошаркарот на Црвена звезда, Перо Антиќ во интервју за порталот „Еурохупс“ вели дека е изненаден што е поставен на првичниот список на македонската репрезентација, иако очекува поранешниот колега  Бо Меккејлеб да направи кам-бек.

Изненадувачки имињата на Антиќ и Меккејлеб се поставени на списокот на селекторот Јорданчо Давитков.

„Јас сум пензиониран од националниот тим од мојата 30-та година. Го ставија моето име за да докажат нешто“, вели Антиќ.

Покрај Антиќ на првичниот список се и тројца натурализирани играчи, Џордан Теодор, Ричард Хендрикс и Бо Меккејлеб, иако само еден може да го носи дресот.

„Сакам да го видам Меккејлеб во тимот бидејќи направи многу за нашиот тим. Ова е шанса да се искористи младиот талент и искусните играчи“, додава Антиќ.

Давитков го објави поширокиот список за претквалификациите за ЕП

Scroll to Top