Top Sport

Бизли легенда, шест лични за 10 минути

Крилото на Њујорк Никс, Мајк Бизли, експресно го заврши дуелот против Атланта Хоукс во НБА лигата, кој неговиот тим го доби со 111:107.

Вториот пик на драфтот во 2008 година успеа да направи шест лични грешки за само 10 минути, колку што мина на теренот. Бизли мечот го заврши со еден поен и два скока.

Оваа сезона, Бизли просечно игра 15,3 минути и за тоа време има учинок од 8,6 поени, 3,6 скока и 0,9 асистенции.

Scroll to Top