Top Sport

Блокотехна се врати со победа од Бугарија

Блокотехна го запиша третиот триумф во четвртиот меч во регионалната БИБЛ лига, откако на тешкото гостување во Бугарија со минимални 86:82 славеше над Академик Пловдив.

Тимот од Гевгелија имаше одличен старт и предност од 7 поени, пред да се случи пад во концентрацијата и домаќинот да направи пресврт за 45:37 водство на полувремето. Блокотехна остана во игра до крајот на мечот, за во финишот да стигне до нова победа.

Бенџамин со 31 поен беше најефикасен за тимот на Марјан Илиевски, Мијатовиќ имаше 22 поени, а по 12 постигнаа Младеновиќ и Казарновски.

Scroll to Top