Top Sport

Бостон Селтикс го обнови интересот за Дејвис

Бостон Селтикс го обнови интересот за најдобриот крилен-центар во НБА лигата, Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс, пренесува „ЕСПН“.

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски разговарал со Дејвис, кој барем засега не размислува да го напушти Њу Орлеанс, но може да го смени мислењето доколку франшизата не успее да направи некој позанчаен резултат.

Реалноста е дека Пеликанс ниту оваа сезона нема да направат нишот во НБА лигата. Пласманот во плејофот нема да ги задволат апетитие на Дејвис.

Исто така партнерот на Дејвис во центарската линија, Демаркус Казинс, наредната година ќе стане слободен играч и веројатно нема да ја продолжи соработката со Њу Орлеанс.

Како потенцијален кандидат за трејд со Њу Орлеанс се споменува тимот на Бостон, кој и во минатото беше заинтересиран за овој играч.

Војнаровски шпекулира дека во евентуалниот трејд Бостон би ги понудил Џејлен Браун или Џејсон тејтум плус Маркус Морис.

Scroll to Top