Top Sport

Бостон вледее со Истокот, Кари побрз од сирената (Видео)

Кошаркарите на Бостон Селтикс во големото НБА дерби го совладаа Кливленд 102:88, Оклахома ги декласира Лејкерси 133:96, а Стеф Кари во последната секунда донесе победа за Голден Стејт во Далас 125:122.

Ајзеа Томас не играше против својот поранешен тим. Тренерот на Кливлнд не сака играчот кој долго време не играше поради повреда да игра на два натпревари во два дена.

Тимската игра на Селтикси беше клучна за конечниот резултат. Шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Тери Роузир со 20 поени. Кливленд го предводеша Леброн Џејмс со 19 поени, 7 скока и 6 асистенции.

Оклахома против Лејкерси делуваше како казнена експедиција за што говори и разликата од 37 поени (133:96).

Четворица играчи на Оклахома постигнаа преку 20 поени, а воодушеви дебитантот Теренс Фергусон кој постигна 24 поени. Преку 20 броеше и големата тројка, Вестбрук (20 поени, 12 асистенции), Џорџ (24 поени), Ентони (21 поен).

Стеф Кари со тројка постигната на три секунди до крајот на мечот му донесе победа на Голден Стејт во Далас 125:122. Претходно поранешниот играч на шампионот Херисон Барнс на 12 секунди до крајот погоди тројка за израмнување 122:122.

Кари беше најефикасен кај Голден Стејт со 32 поени, а по 25 постигнаа Кевин Дурент и Клеј Томпсон.

Резултати:

Орландо Меџик-Хјустон Рокитс 98:116
Филаделфија ’76-Сан Антонио Спарс 112:106
Вашингтон Визардс-Њујорк Никс 121:103
Бруклин Нетс-Минесота Томбервулвс 98:97
Мајами Хит-Детроит Пистонс 111:104
Бостон Селтикс-Кливленд Кавалирс 102:88
Чикаго Булс-Торонто Репторс 115:124
Милвоки Бакс-Индијана Пејсерс 122:101
Далас Маверикс-Голден Стејт Вориорс 122:125
Денвер Нагетс-Феникс Санс 134:111
Јута Џез-Њу Орлеанс Хорнетс 98:108
ЛА Лејкерс-Оклахома Тандер 96:133

Scroll to Top