Top Sport

Давитков без Костоски против Словачка

Најдобите македонски кошаркари денес ќе отпатуваат за Словачка, каде утре ќе го одиграат првиот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Главоболките на селекторот Јорданчо Давитков, кој уште од стартот остана без Ѓорѓи Чековски и Бојан Трајковски, го зголеми плејмејкерот Александар Костоски, кој поради повреда нема д аигра против Словачка, а неизвесен ќе биде и за неделниот меч против Швајцарија во Скопје.

Отсуството на Чековски и Трајковски ќе треба да го надополни Американецот Ричард Хендрикс, кој веднаш откако го доби повикот од селекторот допатува во Македонија. Хендрикс последен пат за Македонија настапи на Европското првенство во 2015 година, кога „црвено-жолтите“ не успеаја да ја минат групата во Загреб.

Селекторот Давитков местото кое остана празно по повредата на Костоски го надополни со Бојан Стајиќ. Во истовреме селекторот реши за Словачка да не патуваат Александар Маслинко и Адем Мекиќ.

Натпреварот од пртквалификациите за ЕП во 2021 помеѓу Словачка и Македонија ќе се одигра во Попрад, в четврток со почеток во 18 часот.

Scroll to Top