Top Sport

Џејмс не ги спаси Кавс од нов дебакл (видео)

Кливленд кавс го забележаа својот осми пораз во последните 11 натпревари, откако Индијана пејсерс во тесна завршница стигна до 97:95 победа.

Најдобриот тим од Истокот последните сезони имаше неверојатна предност од 22 поени по првата четвртина, но потоа домаќините предводени од Дарен Колисон со 22 поени стигнаа до импресивна победа. Леброн Џејмс имаше добра партија со 27 поени, 11 асистенции, 8 скокови, но тоа не беше доволно за прекин на лошата низа.

Голден Стејт вориорс, без својот најдобар играч, Стеф Кари стигна до 108:94 победа над Милвоки, предводени од Кевин Дурент со 26 поени и 6 скока, а 21 поен имаше Дрејмонд Грин. Адетокунбо повторно беше најдобар играч за Бакси со 23 поени и 7 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Јута 99:88

Индијана – Кливленд 97:95

Вашингтон – Орландо 125:119

Атланта – Бруклин 105:110

Милвоки – Голден Стејт 94:108

Минесота – Њујорк 118:108

Њу Орлеанс – Портланд 119:113

Денвер – Мемфис 87:78

Феникс – Хјустон 95:112

Scroll to Top