Top Sport

Добри изданија на балканските играчи, доминација на Вестбрук, Дејвис, Џордан

Нови добри партии на хрватските и српските кошаркари кои играат во НБА лигата, како и доминантните партии на Деандре Џордан од ЛА Клиперс, Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликанс и Расел Вестбрук од Оклахома Тандер ја обележаа изминатата ноќ во најсилната кошаркарска лига во светот.

Филаделфија против директниот конкурент во борбата за плајофот на Истоткот, екипата на Мајами, направи неверојатен пресврт, ја надомести негативата од 23 поени по првото полувреме (62:39) и на крајот победи 104:102.

Хрватот Дарио Шариќ беше најефикасен кај Филалделфија со 19 поени, а тимот до победата го предводеше Бен Симонс со трипл-дабл од 18 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Марио Хезоња игра најдобро од доѓањето во НБА лигата. Трет натпревар по ред хрватскиот бек постигнува најмалку 20 поени за Орландо Меџик. Хезоња постигна 21 поен имаше и 10 скока, но тоа не му помогна на Орландо да го избегне поразот од Шарлот Хорнетс (104:102), во чии редови доминираа Двајт Хауард (22 поени, 13 скока) и Кемба Вокер (20 поени).

ЛА Клиперс победија во Бостон 129:119. Србинот Милиш Теодосиќ одигра добар меч и на крајот заврши со 10 поени и 4 асистенции за 16 минути игра. Доминираше Деандре Џордан со 30 поени и 13 скока.

Сакраменто доживеа очекуван пораз во Хјусотн 100:91, а најефикасен во тимот од Калифорнија беше Богдан Богдановиќ со 20 поени, 5 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки. Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 28 поени и по 9 скока и асистенции.

Хрватскиот бек Бојан Богдановиќ забележа 14 поени и 5 скока во победата на Индијана над Бруклин 108:103.

Расел Вестбрук забележа нов трип-дабл, овој пат во Мемфис, каде Оклахома победи 121:114. Пол Џорџ беше најефикасен со 28 поени, а Вестбрук оставри 23 поени, 13 скока и 15 асистенции.

Њу Орлеанс Пеликанс убедливо славеа над ЛА Лејкерс 139:117, во натпревар во кој беа исклучени бековите на двата тима Ајзеа Томас и Режон Рондо. Доминираше Ентони Дејвис кој ги предводеше Пеликанс со 42 поени и 15 скока.

Scroll to Top