Top Sport

Еврокуп: Сикма МВП на првото коло

Кошаркарот на Алба од Берлин Џек Сикма е МВП на првото коло во Еврокупот. Сикма на натпреварот против Партизан оствари индекс 31.

Американецот во убедливиот триумф на Алба над Партизан (111:85) имаше учинок од 19 поени, по 4 асистенции и украдени топки и 3 скока, за 28 минути колку што мина на теренот.

Втор најдобар играч во ова коло е кошаркарот на Хапоел Куртис Џерелс, кој имаше индекс 30, но неговите 23 поени, 6 асистенции, 4 скока и 3 украдени топки не беа доволни тимот да го избегне поразот од Лиеткабелис (86:72).

Scroll to Top