Хрватските репрезентативци Марио Хезоња и Дарио Шариќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, бво која шампионот Голден Стејт Вориорс славеше сп 46 поени разлика во дуелот со Феникс Санс.

Орландо Меџик пред неколку месеци го отпиша Хезоња за наредната сезона, односно соопшти дека нема да ја активира опцијата да продолжување на договорот и веројатно во клубот жалат поради таквата одлука.

Хезоња на последните две средби е најдобар играч на Орландо Меџик, а прв пат во кариерата успеа на два последовни натпревари да постигне преку 20 поени. Пред два дена Хезоња постигна 23 поени против Милвоки Накс, а изминатата ноќ во поразот од Чикаго Булс (101:105) имаше учинок од 24 поени, 6 скока, 4 асистенции и 3 блокади.

Неговиот сонародник Дарио Шариќ беше најзаслужен за победата на Филаделфија против Њујорк Никс 108:92.

Хрватското крило ја предводеше Филаделфија со 24 поени (4/6 за три) и 4 скока. Филаделфија е на седмата позиција на Истокот со скор од 29 победи и 25 порази. Филаделфија е во серија од четири победи.

Актуелниот шампион и лидер во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс го прегази Феникс Санс со 129:83. Стеф Кари постигна 22 поени и предводеше група од петмина кошаркари на својот тим кои постигнаа двоцифрен број на поени.

Резултати:

Јута Џез-Сан Антонио Спарс 101:99
бруклин Нетс-ЛА Клиперс 101:114
Детроит Пистонс-Њу Орлеанс Пеликанс 103:118
Голден Стејт Вориорс-Феникс Санс 129:83
Чикаго Булс-Орландо Меџик 105:101
Филалделфија-Њујорк Никс 108:92.