Top Sport

Клиперси го испратија Грифин во Детроит

ЛА Клиперс и Детроит Пистонс направија трејд во кој најголемата ѕвезда на тимот од Лос Анџелес, Блејк Грифин, заврши со градот на автомобилите.

Со заминувањето на Грифин заврши најуспешниот период за ЛА Клиперс, кој го обележа соработката на Грифин со Крис Пол.

Клиперс во замена за Грифин ги добија Тобијас Херис, Еверли Бредли и српскиот центар Бобан Марјановиќ.

Детроит покрај Грифин ги добија уште Брајс Џонсон и Вили Рид.

Со овој трејд Клиперси ослободија огромен простор во „селери капот“, бидејќи Грифин на 1.јули потпиша петгодишен дооговр вреден 171 милиони долари.

Шпекулациите се дека и втората голема ѕвезда Деандре Џордан до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.

Грифин сезонава во просек бележи 22,6 поени, 7,9 скока и 5,4 асистенции по натпревар, а Клиперси со скор 25-24 се наоѓаата на деветтото место на Западот.

Scroll to Top