Top Sport

Кливленд го израмни клупскиот рекорд, монструозна партија на Казинс

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс забележаа нова победа во НБА лигата. Вицешампионите го совладаа Сакраменто Кингс 101:95, што за нив е 13.победа во низа со што го израмнија клупскиот рекорд.

Кливленд не блескаше, но во своите редови го има леброн Џејмс, кој не дозволи Сакраменто да приреди изненадување. „Кралот Џејмс“ во последните 90 секунди постигна пет поени, а мечот го заврши со 32 поени, 11 скока, 9 асистенции, 3 украдени топки и 2 блокади.

Леброн најдобро го следеа Кевин Лав (18 поени, 13 скока), Џеф Грин (17 поени) и Кајл Корвер (15 поени).

Кај поразените се истакнаа Зек Рендолф (18 поени,10 скока, 6 асистенции, 3 украдени топки) и Бади Хил (17 поени).

Индивидуално ноќта во НБА лигата ја обележа центарто на Њу Орлеанс Пеликанс Демаркус Казинс кој одигра монструозно против Денвер Нагетс. Пеликаните славеа со 123:114, а Казинс натпреварот го заврши со 40 поени, 22 скока и по 4 блокади и асистенции.

Резултати:

Индијана Пејсерс, Чикаго Булс 98:96
Орландо Меџик-Атланта Хоукс 110:106
Бостон Селтикс-Далас маверикс 97:90
Њујорк Никс-Мемфис Гризлис 99:88
Њу Орлеанс Пеликанс-Денвер Нагетс 123.114
Кливленд Кавалирс-Сакраменто Кингс 101:95
Милвоки Бакс-Детроит Пистонс 104:100
Шарлот Хорнетс-Голден Стејт Вориорс 87:101
Сан Антонио Спарс-Мајами Хит 117:105
ЛА Клиперс-Минесота Тимбервулвс 107:113

Scroll to Top