Top Sport

Кошаркарите на 40.место на ФИБА листата

Кошаркарската репрезентација на Македонија назадуваше за две места на најновата ранг листа која ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Македонија, поради напредокот на Велика Британија и Уругвај, сега се наоѓа на 40.место на ФИБА листата.

На континенатало ниво Македонија е на 22.место во конкуренција на 47 репрезентации.

Првото место на ФИБА листата им припаѓа на САД, а потоа следуваат Шпанија, Србија, Франција и Литванија.

Во Топ 10 на листата уште се и Аргентина, Словенија, Хрватска, Бразил и Австралија.

Scroll to Top