Top Sport

Леброн не може сам, ГСВ победија во Охајо (Видео)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс победија во Охајо, во големото дерби во НБА лигата. Вориорс славеа над Кливленд Кавалирс 118:108.

Актуелните шампиони го добија и второто дерби оваа сезона против најголемиот ривал, откако клучната предност ја стекнаа кон крајот на третата и почетокот на последната четвртина.

Кливленд добро почна, Леброн Џејмс доминираше на теренот, постигна 16 поени само во првата четвртина, но повторно „подолгата клупа“ на Вориорс беше клуч на победата.

Кевин Дурент блескаше со 32 поени, 8 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки, а во чекор го следеше Стеф Кари со 23 поени, 8 асистенции и 4 скока. Голем придонесе во триумфот на Вориорс дадоа и Клеј Томпсон (17 поени), односно Дрејмонд Грин (11 поени, 16 скока, 9 асистенции, 2 блокади).

Кај Кливленд доминираше Џејмс со 32 поени, 8 скока, 6 асистенции, 4 блокади и 3 украдени топки, но на вистински начин го следеа само уште Кевин Лав (17 поени, 7 скока) и Ајзеа Томас (19 поени).

Голден Стејт во Охајо го запиша 13. триумф во низа и ја продлабочи кризата на Кливленд. Кавалирс имаа осум порази на последните десет натпревари.

Scroll to Top