Top Sport

Македонија ја мина словачката „пречка“

Македонската кошаркарска репрезентација победи и по третпат во претквалификациите за ЕП 2021 година, откако немавме проблем со Словаците стигнувајќи до триумф од 87:74 во СЦ „Јане Сандански“.

Со оваа победа, Македонија може да се надева на пласман во понатамошните квалификации, откако предноста од почетокот на мечот на крајот ја реализиравме во победа. Македонија водеше со 14:3, по што Словаците имаа кам-бек во втората четвртина, пред на полувреме да отидеме со предност од 43:29.

Ричард Хендрикс уфрли 23 поени, додаде 13 скока, додека Трајковски имаше 14 поени. Следна пречка на патот на тимот на селекторот Давитков е гостувањето кај Швајцарија, каде што за директен пласман доволен ни е и пораз (но со помалку од 15 поени разлика).

Фото: МКФ

Scroll to Top